Јона 3:3-9 MKB

3 Јона стана и отиде во Нинивија, според Господовото слово. Нинивија беше многу голем град - три дни одење.

4 Јона кога почна да влегува во градот ден одење, проповедувајќи, велеше: „Уште четириесет денови, и Нинивија ќе биде уништена.”

5 И нинивијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот.

6 Словото стигна до царот на Нинивија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел.

7 Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода.

8 Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце.

9 Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?”