Јона 4:2-8 MKB

2 И Му се помоли на Господа и рече: „О, Господи, не го зборував ли тоа уште додека бев во својата земја? Затоа сакав да избегам во Тарсис; зашто знаев дека Ти си милостив и добар Бог, спор на гнев и богат со милосрдие, и дека се сожалуваш над несреќата.

3 Сега, Ти се молам Господи, земи го мојот живот од мене, зашто ми е подобро да умрам отколку да живеам.”

4 Господ одговори: „Лутиш ли се со право?”

5 Јона излезе од градот и седна на исток од градот; и си направи таму колиба и седна под неа во ладовина, додека не види што ќе стане со градот.

6 А Господ Бог определи една тиква да се издигне над Јона и да му направи сенка на неговата глава, та да го избави од неговата неволја, Јона и се зарадува многу на тиквата.

7 Но утреден, при осамнувањето Бог определи црв да ја подгризе тиквата, и таа се исуши.

8 Кога огреа сонцето, Бог определи врел источен ветер и сонцето ја вжештуваше Јонината глава, те сосем се истошти. Посака со сета своја душа да умре и рече: „Подобро ми е да умрам, отколку да живеам.”