Јона 4:5-11 MKB

5 Јона излезе од градот и седна на исток од градот; и си направи таму колиба и седна под неа во ладовина, додека не види што ќе стане со градот.

6 А Господ Бог определи една тиква да се издигне над Јона и да му направи сенка на неговата глава, та да го избави од неговата неволја, Јона и се зарадува многу на тиквата.

7 Но утреден, при осамнувањето Бог определи црв да ја подгризе тиквата, и таа се исуши.

8 Кога огреа сонцето, Бог определи врел источен ветер и сонцето ја вжештуваше Јонината глава, те сосем се истошти. Посака со сета своја душа да умре и рече: „Подобро ми е да умрам, отколку да живеам.”

9 И Бог го праша на Јона: „Лутиш ли се со право заради тиквата?” Тој одговори: „Со право сум лут, дури до смрт.”

10 Господ му рече: „Тебе ти е жал за тиквата околу која не се трудеше, ниту направи да израсте, туку во една ноќ никна и во една ноќ се исуши.

11 А Мене да не Ми е жал за Нинивија, голем град, во кого има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат да ја разликуваат десната рака од левата, а покрај тоа и многу животни?”