Малахија 1:1-7 MKB

1 Пророштво. Господово слово до Израел преку Малахија.

2 „Ве љубев вас - зборува Господ, а вие прашувате: ‘ Во што нè љубеше?’ Не беше ли Исав брат Јаковов? - говори Господ -

3 но го возљубив Јакова, а Исава го замразив: му ги претворив градовите во пустина, а неговото наследство им го дадов на пустинските шакали.”

4 Зашто, ако Едом рече: „Бевме здробени, но пак ќе ги подигнеме урнатините!” Господ над Војските говори вака: „Тие нека градат, а Јас ќе разградувам! Ќе ги наречат безбожничка земја и народ, на кого Господ се срди довека!

5 Вашите очи ќе видат, и ќе речете: ‘ Господ да се возвеличи, преку границите на Израелевата Земја.’

6 Синот го почитува таткото, а слугата господарот. Но ако Сум Јас Татко, каде е почитувањето кон Мене? Ако Сум Господар, каде е стравот од Мене? Тоа ви говори Господ над Воинствата вам, свештеници, кои го презирате Моето име, а прашувате: ‘ Со што го презревме Твоето име?’

7 Принесувате обесветен леб врз Мојот жртвеник и уште прашувате: ‘ Со што Те обесветивме?’ Со тоа што велите: ‘ Господовиот стол е неважна работа!’