1 Тимотеј 1:10-16 MK2006D

10 за блудници, за мажеложници, тр­говци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,

11 според славното Евангелие на бла­жениот Бог, кое ми е мене доверено.

12 Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба,

13 мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неве­рие.

14 Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.

15 Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас.

16 Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен.