1 Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2 за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство.
3 Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,
4 Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5 Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,
6 Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;