5 Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус,
6 Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време;
7 па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.
8 Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.
9 Исто така и жените, облечени пристојно, со срамеливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,
10 туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.
11 Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.