9 Исто така и жените, облечени пристојно, со срамеливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,
10 туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.
11 Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.
12 На жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13 Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;
14 и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап.
15 Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.