1 Верно е словото: тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра работа.
2 Епископот треба да е непорочен, маж само на една жена, разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува;
3 не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и не среброљубив;
4 својата куќа добро да ја управува и да ги држи чедата во послушност со сета сериозност.
5 Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?