5 Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?
6 Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓаволот.
7 Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓаволот.
8 Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;
9 да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10 И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат служители.
11 Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.