7 Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓаволот.
8 Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;
9 да ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10 И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат служители.
11 Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.
12 Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја.
13 Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна положба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.