3 кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од јадења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.
4 Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,
5 бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6 Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Христос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.
7 Од нечисти и од бапски приказни бегај, а обучувај се во побожност;
8 зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.
9 Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.