9 Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.
10 Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.
11 Ова препорачувај го и поучувај!
12 Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љубов, дух, вера и чистота!
13 Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување!
14 Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророштво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството!
15 Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите!