1 Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;
2 Постарите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота.
3 Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.
4 Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога.
5 А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.
6 Но онаа, пак, што живее распуштено, таа умрела уште додека е жива.