11 А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христа, ќе посакаат да се мажат.
12 Тие заслужуваат осуда, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.
13 Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.
14 Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;
15 зашто некои веќе скршнаа по сатаната.
16 Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.
17 А презвитерите, што добро ја извршуваат својата управителска служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката.