16 Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.
17 А презвитерите, што добро ја извршуваат својата управителска служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката.
18 Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата“.
19 Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци.
20 А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв.
21 Те заколнувам пред Бога, пред Господ Исус Христос и пред избраните ангели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.
22 Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!