22 Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!
23 Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!
24 Гревовите на некои луѓе се јасни и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.
25 Исто така и добрите дела се јасни; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.