5 А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.
6 Но онаа, пак, што живее распуштено, таа умрела уште додека е жива.
7 Порачувај им го уште и тоа, да бидат беспорочни.
8 Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од безверник.
9 Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет години, и ако имала само еден маж,
10 и има сведоштва за добри дела; отхранила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пострадани и на секое добро дело усрдно се посветувала.
11 А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христа, ќе посакаат да се мажат.