1 Тимотеј 5:8-14 MK2006D

8 Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник.

9 Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет години, и ако имала само еден маж,

10 и има сведоштва за добри дела; от­хра­­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пос­традани и на секое добро дело усрдно се посветувала.

11 А помлади вдовици не примај, заш­то кога страстите ќе ги одвратат од Христа, ќе посакаат да се мажат.

12 Тие заслужуваат осуда, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.

13 Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.

14 Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;