1 Оние, кои се наоѓаат под јарем, робовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква почест, за да не се хули името Божјо и учењето.
2 Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!
3 Кој поучува инаку и не оди по здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за благочесноста,
4 тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, лошите мисли;