1 Тимотеј 6:1-7 MK2006D

1 Оние, кои се наоѓаат под јарем, ро­бовите, господарите свои нека ги сметаат како достојни за секаква по­чест, за да не се хули името Божјо и учењето.

2 Оние, пак, кои имаат господари што поверувале, нека не презираат зашто се верници; туку со поголема усрдност да служат, бидејќи тие што ги добиваат нивните услуги се верни и возљубени. Така поучувај и советувај!

3 Кој поучува инаку и не оди по здра­вите зборови на нашиот Господ Исус Христос и според учењето за бла­го­чес­носта,

4 тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, ло­шите мисли;

5 залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста слу­жи за трговија. Бегај од такви!

6 А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.

7 Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.