1 Тимотеј 6:10-16 MK2006D

10 Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си нав­ле­коа многу маки.

11 Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста!

12 Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.

13 Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат,

14 да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,

15 кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите,

16 Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!