12 Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.
13 Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат,
14 да ја запазиш заповедта чиста и беспрекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,
15 кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите,
16 Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!
17 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие;
18 нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни.