1 Тимотеј 6:14-20 MK2006D

14 да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,

15 кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите,

16 Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!

17 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на жи­виот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие;

18 нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни.

19 И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.

20 О Тимотеје, пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука,