16 Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!
17 Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие;
18 нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни.
19 И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.
20 О Тимотеје, пази го она што ти е предадено и бегај од нечисти и празни разговори и од расправии на лажната наука,
21 на која некои ѝ се предадоа и се отклонија од верата. Благодатта нека биде со тебе. Амин.