4 тој е помрачен од горделивоста. Не знае ништо и е болен од празни препирки и распрашувања, од кои произлегуваат зависта, карањето, хулењето, лошите мисли;
5 залудни препирки меѓу луѓето што имаат изопачен ум, лишени се од вистината; тие мислат дека побожноста служи за трговија. Бегај од такви!
6 А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.
7 Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.
8 Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.
9 А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.
10 Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.