6 А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.
7 Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.
8 Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.
9 А оние што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.
10 Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
11 Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста!
12 Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.