2 Солуњаните 1:5-11 MK2006D

5 тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате.

6 Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа,

7 а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

8 во распламнат оган да им се одмаз­ду­­ва на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос.

9 Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ,

10 кога ќе дојде Тој за да биде прос­лавен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­веруваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

11 Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,