2 Солуњаните 2 MK2006D

Човекот на беззаконието

1 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа,

2 да не се поколебате лесно во мисли­те свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден.

3 Никој да не ве измами на ниеден на­чин; зашто оној ден нема да настапи до­дека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,

4 кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.

5 Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6 Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7 Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја за­др­жу­ва сега;

8 тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.

9 Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,

10 и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.

11 И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,

12 та да бидат осудени сите кои не по­веруваа во вистината, а ја засакаа не­правдата.

Цврстина во верата

13 Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, воз­љу­бе­ни од Господ браќа, затоа што од по­че­токот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,

14 кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.

15 И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.

16 А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,

17 нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

поглавја

1 2 3