2 Солуњаните 2:1-7 MK2006D

1 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа,

2 да не се поколебате лесно во мисли­те свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден.

3 Никој да не ве измами на ниеден на­чин; зашто оној ден нема да настапи до­дека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,

4 кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.

5 Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6 Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7 Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја за­др­жу­ва сега;