3 Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,
4 кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.
5 Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?
6 Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.
7 Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја задржува сега;
8 тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.
9 Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,