12 на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.
13 А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.
14 Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15 но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.
16 А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!
17 Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така.
18 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.