14 и дека повеќето од браќата во Господ, поттикнати од моите окови, се осмелија, без страв да го проповедаат словото Божјо.
15 Некои, навистина, од завист и желби за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:
16 едни Го проповедаат Христа од желба да се препираат, неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.
17 А другите, пак, проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.
18 Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам.
19 Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,
20 како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.