Филипјаните 1 MK2006D

Поздрав

1 Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:

2 благодат и мир вам од Бога, Отецот наш и од Господ Исус Христос!

Изразување благодарност и молитва

3 Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас,

4 – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –

5 заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега,

6 уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.

7 И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.

8 Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.

9 И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познание­то и разбирањето на сѐ,

10 за да можете да го распознавате нај­доброто, та да бидете чисти и беспре­кор­ни во денот на Христос,

11 полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и по­фалба на Бога.

Заробеништвото на Павле и успехот на Евангелието

12 Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,

13 така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христа;

14 и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо.

15 Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:

16 едни Го проповедаат Христа од желба да се препираат, неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.

17 А другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.

18 Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се про­поведа; затоа се радувам и ќе се радувам.

19 Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,

20 како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, ка­ко секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

21 За мене, „да се живее“ значи Хри­с­тос, а „да се умре“ – придобивка.

22 Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.

23 Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу по­добро;

24 но да останам во телото е по­пот­реб­но за вас.

25 Уверен во тоа, знам дека ќе ос­та­нам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,

26 та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.

Постојаност во битката

27 Живејте само достојно за Хрис­то­во­то Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас де­ка стоите во еден дух, борејќи се едно­душно за верата на Евангелието,

28 и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бо­га.

29 Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,

30 борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.

поглавја

1 2 3 4