Филипјаните 2 MK2006D

Единство во понизноста

1 И така, ако во Христос има нека­ква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание,

2 исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и ед­но­мислени;

3 не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси!

4 Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите!

5 Бидејќи вие треба да ги имате ис­тите мисли, што ги има Исус Христос,

6 Кој, иако беше во Божји лик, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;

7 но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по из­глед се покажа како човек;

8 Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.

9 Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,

10 та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,

11 и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.

Задача на христијаните

12 Затоа, возљубени мои, како што се­когаш ме слушавте, не само во мое при­суство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,

13 зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Не­го­вата добра волја.

14 Правете сѐ без мрморење и дво­уме­ње,

15 за да бидете прави и чисти, не­по­роч­ни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,

16 држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев на­празно.

17 Но, иако се излевам како жртва ле­аница и за служба на вашата вера, се ра­дувам сам и се радувам со сите вас.

18 Така исто радувајте се и вие и за­радувајте ме!

Мисиите на Тимотеј и Епафродит

19 А се надевам во Господа Исуса дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.

20 Всушност, немам ниту еден исто­мисленик, кој толку искрено би се гри­жел за вас.

21 Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;

22 а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.

23 Него, пак, се надевам дека ќе го ис­пратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;

24 а се надевам во Господа дека и сам скоро ќе дојдам кај вас.

25 Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,

26 бидејќи тој копнееше да ве види си­те вас и многу жалеше што сте чуле де­ка бил болен.

27 Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само не­го, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.

28 Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.

29 Примете го, пак, во Господа со се­каква радост, и такви почитувајте,

30 бидејќи за Христовото дело тој бе­ше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.

поглавја

1 2 3 4