18 Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам.
19 Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,
20 како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.
21 За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка.
22 Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.
23 Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро;
24 но да останам во телото е попотребно за вас.