24 но да останам во телото е попотребно за вас.
25 Уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,
26 та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.
27 Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на Евангелието,
28 и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бога.
29 Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,
30 борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.