7 И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.
8 Бог ми е сведок колку многу копнеам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.
9 И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ,
10 за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос,
11 полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.
12 Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,
13 така што во целата преторија и меѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христа;