1 И така, ако во Христос има некаква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание,
2 исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени;
3 не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси!
4 Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!