11 и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.
12 Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,
13 зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
14 Правете сѐ без мрморење и двоумење,
15 за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,
16 држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно.
17 Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.