17 Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
18 Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
19 А се надевам во Господа Исуса дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.
20 Всушност, немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас.
21 Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;
22 а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.
23 Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;