2 исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени;
3 не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси!
4 Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
5 Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
6 Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;
7 но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек;
8 Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.