12 Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене.
13 Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
14 трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос.
15 Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие.
16 Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме.
17 Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас.
18 Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов;