13 Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
14 трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос.
15 Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие.
16 Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме.
17 Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас.
18 Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Христов;
19 нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат за земните работи.