Филипјаните 3:6-12 MK2006D

6 по ревност – гонител на Божјата Црк­ва, според правдата на Законот – бес­прекорен.

7 Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христос го сметав за загуба.

8 Затоа, сметам дека и сѐ друго е загуба спрема преважното познание на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого се одреков од сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Хрис­тос,

9 и да се најдам во Него, не со својата праведност стекната од Законот, туку со придобивката преку верата во Христа, односно со праведноста од Бога преку верата;

10 за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, грижејќи се мојата смрт да биде слична со Неговата,

11 та некако да го достигнам воскресението на мртвите.

12 Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го дос­тигнам она со кое Христос ме достигна мене.