11 Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам.
12 Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во немаштија.
13 Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.
14 Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб.
15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една срква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;
16 зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи.
17 Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза.