2 Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3 а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.
4 Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5 Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6 За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,
7 и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
8 Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!