12 благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,
13 нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син,
14 во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.
15 Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;
16 бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17 Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18 И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.