16 бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17 Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18 И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.
19 Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,
20 и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,
22 сега ве примири во телото на Неговото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,