Колосјаните 1:22-28 MK2006D

22 сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непо­роч­ни и без вина,

23 само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

24 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25 Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26 тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

27 на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

28 Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;